На 28.04.2016 година (четврток), претставници од Центар за климатски промени го посетија ООУ Петар Мусев од Општина Богданци, и одржаа едукативна презентација за електричен и електронски отпад.
На презентацијата присуствуваа повеќе од 50 ученици од 7мо и 8мо одделение, а воедно беа поделени и едукативни брошури со цел подобро запознавање со негативните влијанија од е-отпадот и начинот на соодветно управување со овој тип на отпад.
Учениците покажаа одличен интерес и активно се вклучија во следењето на презентацијата, а по завршувањето на презентацијата успешно одговорија на поставените прашања за е-отпадот и неговите негативни влијанија врз животната средина.
Настанот се одржа во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“, финансиран од Американската Амбасада во Скопје, имплементиран од Центар за климатски промени и подржан од Елколект Доо Скопје, колективен постапувач за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
Галерија: Презентација во ООУ „Петар Мусев“ – Скопје