Прв акциски план

Целосен прогрес

Година: 2026

Година: 2026

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА - Одржлива мобилност

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – производство на енергија и енергетска ефикасност

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА - Отпад

НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чист воздух

НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чиста вода и управување со водните ресурси

ЗАШТИТА НА ПРИРОДА И БИОДИВЕРЗИТЕТ - климатска адаптација и зелена инфраструктура

Гостиварскиот плански регион, како економски, административен и демографски центар на државата, има клучна улога во спроведувањето на националните климатски цели на Република Северна Македонија. Овој регион претставува најголем потрошувач на енергија и простор со најинтензивни урбани активности, што го прави и еден од најзначајните фактори во процесите на декарбонизација, енергетска ефикасност и одржлив урбан развој. Домаќинствата во Скопскиот плански регион имаат потрошувачка од околу 1100 GWh за 2024 година.
Регионалните политики и стратегии во областа на транспортот, управувањето со отпадот, енергетиката и урбаното планирање директно влијаат врз намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Преку модернизација на јавниот превоз, поттикнување на користење обновливи извори на енергија, енергетска санација на јавните и приватните објекти, како и развој на зелени зони, Скопскиот регион придонесува кон исполнување на целите утврдени во Национално определениот придонес (NDC) и Зелената агенда за Западен Балкан.
Дополнително, како седиште на голем број институции, универзитети и организации, регионот има капацитет да биде пример за иновативни решенија, партнерства и пилот-проекти за климатска акција. Со тоа, Скопскиот плански регион не само што ја поддржува националната климатска политика, туку и ја обликува како двигател на зелената и праведна транзиција на државата.