Повик за прибирање понуди за консултантски услуги за медиа промоција на проектните активности

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени, Подружница Охрид, објавува повик за прибирање понуди за консултантски услуги за медиа промоција на проектните активности, со број на набавка IPA/2010DN023657/CN2016/374-365-TD07, во рамките на проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационален бизнис консултант (SCBE-TBC)“ број на проект IPA/2010DN023657/CN2016/374-365 финансиран во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2007-2013.

Следните документи се дел од тендерскатга документација:

  • A. Инструкции за тендерирање и известување за договор
  • B. Нацрт договор и специјални услови со анексите:
    • I. Генерални услови
    • II. Проектна задача
    • III. Организација и методологија
    • IV. Предлог буџет
  • V. Формулари и други придружни документи
  • C. Други информации:
    • I. Листа на компании поканети да учествуваат
    • II. Листа за административна усогласеност
    • III. Листа за евалуација
  • D. Формулар за поднесување на тендерска документација

 

Целта на тендерот е селекција на консултантска компанија која успешно ќе ги исполнува услугите поврзани со медиа промоција на проектните активности. Повеќе информации околу начинот на набавка можете да добиете на следниот линк:
http://ec.europa.eu/europeaid/prag/document.do

Краен рок за аплицирање е 14.08.2017 година, 10:00 ч. Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме Вашите барања за достава на тендерска документација испратете ги на е-маил ckp.ohrid@gmail.com пред крајниот рок за аплицирање.