Центар за климатски промени, Подружница Охрид, објавува повик за прибирање понуди за консултантски услуги за одржување и ажурирање на веб страна, платформа за вмрежување и платформа за електронски консалтинг, со број на набавка IPA/2010DN023657/CN2016/374-365-TD04, во рамките на проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационален бизнис консултант (SCBE-TBC)“ број на проект IPA/2010DN023657/CN2016/374-365 финансиран во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2007-2013.
Следните документи се дел од тендерскатга документација:
- A. Инструкции за тендерирање и известување за договор
- B. Нацрт договор и специјални услови со анексите:
- I. Генерални услови
- II. Проектна задача
- III. Организација и методологија
- IV. Предлог буџет
- V. Формулари и други придружни документи
- C. Други информации:
- I. Листа на компании поканети да учествуваат
- II. Листа за административна усогласеност
- III. Листа за евалуација
- D. Формулар за поднесување на тендерска документација
Целта на тендерот е селекција на консултантска компанија која успешно ќе ги исполнува услугите поврзани со одржување и ажурирање на веб порталот и платформите за вмрежување и електронски консалтинг. Повеќе информации околу начинот на набавка можете да добиете на следниот линк:
http://ec.europa.eu/europeaid/prag/document.do
Краен рок за аплицирање е 11.07.2017 година, 10:00 ч. Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме Вашите барања за достава на тендерска документација испратете ги на е-маил ckp.ohrid@gmail.com пред крајниот рок за аплицирање.