Повик за доставување понуди за набавка на дисплеј и изработка на дигитално решение за прикажување температура на дисплејот

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за ангажирање на компанија за набавка на дисплеј и изработка на дигитално решение за прикажување температура на дисплејот.

Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Општи информации за проектот

Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.

Опис на задачата

Компанијата потребно е да понуди комплетно решение за поставување на дисплеј во просториите на општина Демир Капија. Дисплејот ќе биде поставен во внатрешниот дел на општината и напојувањето на самиот дисплеј ќе биде со продолжен кабел. Компанијата треба да осмисли техничко решени за поставувањето на дисплејот, притоа решението треба да има можност да се поместува на друга локација. Во прилог се дадени слики од просторот, заедно со димензиите на просторот каде треба да биде поставен дисплејот. Висината на дисплејот треба да биде во висина на прозорецот, односно дисплејот треба целосно да се гледа од надворешната страна на објектот.  Дисплејот треба да биде со минимална димензија на дијагоналата на екранот од 55” и да има можност да се поврзе со HDMI кабел.

Дополнително, компанијата е потребно да се изработи и дигитално решение со кое ќе се прикажуваат податоци за моменталната надворешна температура и кратки пораки со насоки во зависност од температурата. Податоците за надворешна температура на воздухот потребно е автоматски да се преземаат од веб страната на Управата за Хидрометеоролошки работи за градот Демир Капија. Линкот до веб страната за преземање податоци https://uhmr.gov.mk/aktuelni-podatoci/. Дигиталното решение треба најмалку да ја прикажува моменталната надворешна температура и во зависност од температурата да прикажува препораки за граѓаните. Пораките ќе бидат подготвени од страна на Центар за климатски промени и ќе бидат доставени до компанијата за нивна интеграција во системот. Компанијата има целосна слобода во кој програмски јазик ќе го изработи дигиталното решение. За поврзување на дисплејот со интернет потребно е да се набави и компјутер со процесор сличен или еднаков на карактеристиките на Intel® Celeron® Processor J4105, со минимум 8 GB ram и 128 GB хард диск.

 

Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:

  1. Набавка на дисплеј со минимална димензија на дијагонала на екран од 55”, со HDMI приклучок.
  2. Да изработи преносно техничко решение за поставување на дисплејот
  3. Да подготви дигитално решение за прикажување на надворешната температура за Демир Капија
  4. Да набави компјутер со процесор сличен или еднаков на карактеристиките на Intel® Celeron® Processor J4105, со минимум 8 GB ram и 128 GB хард диск.
  5. Да соработува со проектинот тим и редовно да комуницира за тековната работа

 

Сите работи потребно е да се достават и инсталираат во општина Демир Капија.

 

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 1 месец од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 31.01.2024.

 

Финансиски надомест:

Максималната вредност на овој договор изнесува 120.000,00 денари.

 

Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

  • Претходно професионално искуство во дејноста (20 бодови)
  • Понудена цена (80 бодови)

 

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.

 

На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија/индивидуално лице која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.

Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до 29 декември 2023 г., со назнака „понуда за набавка на дисплеј“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.