Повик за вработување на проектен координатор

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени е здружение на граѓани чија цел е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени. За потребите на своите проектни активности Центар за климатски промени вработува 1 проектен координатор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.

Проектниот координатор потребно е да ги исполнува следните квалификации:

  • да има завршено високо образование во некоја од следните области: општествени науки (политички науки, правни студии), технички науки (Машински или електро-технички), природни науки: (биологија, хемија, географија)
  • да има одлично познавање на англиски јазик
  • да има претходно искуство во работа на проекти
  • да има искуство во областа животна средина, климатски промени или енергетика
  • да поседува добри комуникациски и организациски способности
  • работа во здружение на граѓани ќе се смета за предност

Задачи и обврски на проектниот координатор

  • Да ги координира проектните активности
  • Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектите на ЦКП
  • Да учествува во анализа на планови и извештаи поврзани со животна средина, климатски промени или енергетика

Сите заинтересирани кандидати потребно е да се испратат своја биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 26.06.2022 на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com