Повик за вработување на инженер за заштита на животна средина

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени е здружение на граѓани чија цел е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени. За потребите на своите проектни активности Центар за климатски промени вработува 1 инженер за заштита на животна средина на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

  • високо образование во областа на заштита на животна средина (Машински факултет, Електро-технички факултет или Природно математички факултет)
  • да има одлично познавање на англиски јазик
  • да има искуство во областа животна средина, климатски промени или енергетика
  • да поседува добри комуникациски и организациски способности

Сите заинтересирани кандидати потребно е да се испратат своја биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 26.06.2022 на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com