повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на методологија за мапирање на постоечки политики за ЗАЗБ на локално ниво

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда на локално ниво“ распишува повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија кој ќе изработи методологија за Мапирање на постоечки политики за ЗАЗБ на локално ниво.

Проектот се спроведува во партнерство со Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион. Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk).

 

Општи информации за проектот

Проектот ќе допринесе за овозможување на транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво, со активна соработка на граѓанскиот сектор со сите засегнати страни и вклученост во креирањето на политиките.

 

Опис на задачата

За потребите на активноста за  мапирање на постоечките политики потребно е да се анажира консултант/консултантска компанија кој ќе изработи методологија со која партнерските организации ќе можат да мапираат проблеми поврзани со спроведувањето на барањата од Зелената Агенда, моменталните политики кои се усвојуваат и спроведуваат на локално ниво, но и начините на соодветно вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на носење одлуки поврзани со спроведување на ЗАЗБ.

Оваа активност ќе се реализира во сите региони и ќе ги вклучува сите општини, а одговорни за спроведување ќе бидат организациите од секој од регионите.

Мапирањето ќе се одвива со поддршка на носителот на апликацијата и секоја од партнерските организации одговорна за својот регион ќе биде задолжена да изработи краток извештај за постоечките политики и проблеми со кои се соочува локалната заедница во тој регион. Носителот на апликацијата ќе ги интегрира овие извештаи и ќе го објави јавно. Во рамките оваа активност консултант/консултантска компанија ќе направи и приоретизација на потребите на регионите за спроведување на ЗАЗБ. Приоритетите ќе бидат направени согласно достапните постоечки политики на локално ниво и постоечките стратегии поврзани со ЗАЗБ.

Методологијата треба да вклучува опис како да се реализира мапирањето, да предложи алатка (прашалник,чек листа и слично) за мапирање за сите столбови на Зелена Агенда, но и да ги вклучи аспектите на вклучување на јавноста во донесување одлуки. Освен тоа консултант/консултантска компанија потребно е да изработи и образец за мониторинг на  спроведување на политиките, да ги идентификува планските документи и активностите на локално ниво кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од барањата во Зелената Агенда.

На крај, консултант/консултантска компанија потребно е да реализира и една еднодневна обука за претставници на партнерските организации во Скопје.

Kонсултант/консултантска компанија ќе биде одговорен за следните задачи и активности:

 

Задачи кои се очекува да ги исполни консултант/консултантска компанија:

  • Идентификување на проблеми поврзани со Зелена Агенда
  • Идентификување на плански документи кои допринесуваат кон спроведувањето на Зелена Агенда
  • Изработка на методологија и потребни алатки за реализација на методологијата
  • Изработка на образец за мониторинг на спроведувањето на планските документи
  • Соработка со проектниот тим и редовна комуникација за прогресот
  • Реализација на една обука во Скопје за партнерските организации

 

Потребни квалификации на консултантот компанија:

 

  1. Најмалку 10 години искуство во животна средина, клима, енергија и одржлив развој,
  2. Најмалку 5 години искуство во следење/мониторинг на политики на локално/национално ниво
  3. Високо познавање на институционалнат поставеност и предизвици и препреки на локално и регионално ниво,
  4. Познавање на процесите за вклучување и информирање на јавноста во креирање и носење политики.

 

Времетраење на ангажманот:

Времетраење на ангажманот е 3 месеци.

 

Оценка на кандидатите:

Евалуационата комисија ќе го извести само консултант/консултантска компанија чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

 

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

 

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној консултант/консултантска компанија кој ќе добие најголем број бодови.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Консултант/консултантска компанија треба да ја пополни формата за пријавување и да ја испрати на еmail: bojana.stanojevska@ckp.org.mk најдоцна до  10.04 2024 г. со назнака „Пријава за  методологија за мапирање политики за Зелена Агенда“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.

 

Повикот може да го преземете тука.

Формулар за понудувачи – технички дел

Формулар за понудувачи – финансиски дел