Отворен повик за ангажирање на консултант за Енергетса ефикасност

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста на ММСП преку намалување на трошоците за енергија за надминување на ефектите од енергетската криза и за подобрување на деловните услуги“ распишува повик за ангажирање на консултант за енергетска ефикасност.

Проект се спроведува во рамките на проектот „Активности за зајакнување на бизнис секторот“, кој е финансиран од УСАИД и Консалтинг за стратешки развој.

Општи информации за проектот

Проектот има за цел да ја зголеми отпорноста преку намалување на трошоците за енергија овозможено со воведување мерки за заштеда
на енергија и диверзификација на изворите на енергија во индустриските капацитети (за производствени цели, но и за греење, ладење, транспорт итн.).Овие активности треба да резултираат со подобрена конкурентност и надградени услуги кои ќе обезбедат подобри деловни услуги и перформанси, како и зголемена отпорност на новите енергетски услови, последица на енергетската криза.

Покрај намалените трошоци, ќе се придонесе и за стабилно снабдување со енергија, поекономично производство и зајакнување на капацитетите на вработените во ММСП за натамошно преземање на идентификуваните мерки за заштеда на енергија. Конкретните цели на проектот се градење на капацитетите на вработените во ММСП и
обезбедување менторство на самата локација како предуслов за надградба на деловните услуги и постигнување на долгорочните цели.

Опис на задачата

Примарната цел на оваа консултантска задача е да обезбеди консултантски услуги за енергетска ефикасност за подобрување на капацитетот на ММСП за спроведување мерки за заштеда на енергија, подобрување на управувањето со енергијата и зголемување на отпорноста на предизвиците поврзани со енергијата.

Консултантот за енергетска ефикасност ќе биде одговорен за следните задачи и активности:

Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:

  • Да придонесе кон развивање на алатка за прибирање податоци од компании (ел. енергија, вода, тнг, пареа, капацитет на котел и сл.)
  • Да изработи шест енергетски аудити за ММСП
  • Да учествува во спроведувањето на интервјуа со вработените и раководството на ММСП, заедно со тимот на проектот и консултантот за енергетски менаџмент
  • Да изработи шест физибилити студии
  • Да даде придонес во приоретизирање на мерките за заштеда на енергија

 

Потребни квалификации на консултантот компанија:

 

  1. Лицето кое ќе биде назначено за работа треба да има завршено високо образование на некој од факултетите за технички науки,
  2. Најмалку 5 години искуство во областа на техничките науки,
  3. Искуство во истражување, собирање и анализа на документи и податоци,
  4. Добри комуникациски вештини.

 

Професионално искуство:

 

  1. Практично искуство во подготовка на извештаи, студии, за прибирање на податоци во полето на енергетска ефикасност ќе се смета како предност.

 

Времетраење на ангажманот:

Времетраење на ангажманот е 7 месеци.

 

Финансиски надомест:

Максималната вредност на овој договор изнесува 2700 УСД.

 

 

Оценка на кандидатите:

Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

 

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

 

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатот треба да ја пополни формата за пријавување и да ја испрати на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до 16.10.2023 г. со назнака „Пријава за консултатнт за енергетска ефиасност“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.

 

Формулар за аплицирање