Отворен повик за ангажирање на консултант за проценка на ризик кон климатски промени во секторот шуми

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за ангажирање на консултант за подготовка на „Проценка за ризикот и ранливоста од климатски промени врз шумите за единиците на локална самоуправа (ЕЛС): Центар, Прилеп и Демир Капија“.

Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Општи информации за проектот

Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.

Опис на задачата

Консултантот е потребно да допринесе во изработката на локалните планови за енергија и клима (ЛПЕК), кој ќе бидат изработени за три единици на локална самоуправа: Центар, Прилеп и Демир Капија. Плановите ќе се засноваат на преглед на изворите на емисија на стакленички гасови односно главните сектори кои допринесуваат за емисија на стакленички гасови, но и секторите кои се најзасегнати од климатските промени кои се случуваат на локално ниво (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта). Консултантот е потребно да направи проценка на ризик за сектор шуми. Врз основа на проценките кои ќе бидат направени, потребно е консултантот да идентификува соодветни активности за адапатација кон климатските промени во наведениот сектор. Мерки за адаптација на климатските промени треба вклучуваат прецизни временски рамки на реализација, улоги и одговорности, проценета вредност на инвестицијата и истите ќе бидат структурирани во акциони годишни планови за реализација на ЛПЕК. Извештајот треба да се подготви во електронска верзија на македонски јазик за секоја општина засебно, истиот ќе биде интегрален дел од ЛПЕК.

Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:

  1. Да направи проценка на минатите климатски ризици за секоја ЕЛС
  2. Да ги идентификува идните климатски закани поврзани со секторот шуми во избраните ЕЛС
  3. Да предложи мерки за адаптација на климатски промени за сектор шуми

 

  1. Да направи теренска на секоја ЕЛС за утврдување на критични точки
  2. Консултации за проценка на оценката за ранливост и идентификација на ризици и ранливости во секторот шуми, за секоја ЕЛС
  3. Да соработува со проектинот тим и редовно да комуницира за тековната работа
  4. Да изработи извештај за проценка на ризик и ранливост за секторот шумарство за секоја ЕЛС

Потребни квалификации на консултантот/консултантската компанија:

  1. Лицето кое ќе биде назначено за работа да има завршено високо образование (шумарски науки или сродни науки поврзани со шумарство)
  2. Најмалку 10 години искуство во областа на шумарство,
  3. Искуство во истражување, собирање и анализа на документи и податоци,
  4. Добри комуникациски вештини.

Професионално искуство:

  1. Практично искуство во подготовка на извештаи, студии, за прибирање на податоци во полето на шумарство ќе се смета како предност

Времетраење на ангажманот:

Времетраење на ангажманот е 4 месеци.

Финансиски надомест:

Максималната вредност на овој договор изнесува 180.000,00 денари.

Оценка на кандидатите:

Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

 

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до 20 август 2023 г., со назнака „Пријава за консултатнт за проценка на ризик кон климатски промени во секторот шумарство“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

За повикот потребно е да се користи соодветната форма која може да се преземе од тука.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *