Отворен повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на инвентар за стакленички гасови

објавено во ОБЈАВИ | 0

Отворен повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на инвентар за стакленички гасови

 

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија за подготовка на „Инвентар за стакленички гасови за единиците на локална самоуправа (ЕЛС): Центар, Прилеп и Демир Капија“.

Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Општи информации за проектот

Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.

Опис на задачата

Консултантот/консултантската компанија потребно е да допринесат во изработката на локалните планови за енергија и клима (ЛПЕК), кој ќе бидат изработени за три единици на локална самоуправа: Центар, Прилеп и Демир Капија. Плановите ќе се засноваат на преглед на изворите на емисија на стакленички гасови односно главните сектори кои допринесуваат за емисија на стакленички гасови, но и секторите кои се најзасегнати од климатските промени кои се случуваат на локално ниво (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта). Консултантот/консултантската компанија потребно е да направат инвентар за стакленички гасови, каде ќе бидат проценети емисиите од сектор енергетика, транспорт, отпад, AFOLU, IPPU. Врз основа на проценките кои ќе бидат направени, потребно е да се идентификуваат соодветни мерки за ублажување кон климатските промени во наведениот сектор. Мерките за ублажување на климатските промени треба вклучуваат прецизни временски рамки на реализација, улоги и одговорности, проценета вредност на инвестицијата и истите ќе бидат структурирани во акциони годишни планови за реализација на ЛПЕК. Инвентарот треба да се подготви во електронска верзија на македонски јазик за секоја општина засебно, истиот ќе биде интегрален дел од ЛПЕК.

Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:

  1. Да направи проценка на емисиите за секторите енергетика, транспорт, отпад, AFOLU и IPPU во избраните ЕЛС како и консултации за идентификација на индикатори
  2. Да направи десктоп истражување за достапните податоци за проценка на емисиите за секоја ЕЛС
  3. Да достави листа на потребни податоци од ЕЛС за изработка на инвентарните
  4. Да комуницира со проектниот тим за потребните податоци од ЕЛС и редовно да го информира за напредокот на инвентарот
  5. Да изработи основен инвентар за емисии на стакленички гасови и наративен извештај за секоја ЕЛС

Потребни квалификации на консултантот/консултантската компанија:

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.

 

  1. Лицето кое ќе биде назначено за работа треба да има завршено високо образование на некој од факултетите за технички науки,
  2. Најмалку 5 години искуство во областа на техничките науки,
  3. Искуство во истражување, собирање и анализа на документи и податоци,
  4. Добри комуникациски вештини.

Професионално искуство:

  1. Практично искуство во подготовка на извештаи, студии, за прибирање на податоци во полето на енергетика, транспорт, отпад ќе се смета како предност

Времетраење на ангажманот:

Времетраење на ангажманот е 1 месец.

Финансиски надомест:

Максималната вредност на овој договор изнесува 540.000,00 денари.

Оценка на кандидатите:

 

Заинтересираните понудувачи во првата фаза треба да достават:

  • Писмено изразување интерес за учество на повикот, и
  • Потпишана изјава (види прилог 1)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

 

Во втората фаза, Центар за климатски промени ќе формира 3 члена комисија со цел изборот на најдобар понудувач.

Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

 

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 9 дена од објавување на отворениот повик. (Прва фаза)

По истекот на овие 7 дена Центар за климатски промени ги поканува заинтересираните понудувачи за доставување на понуда во рок од 30 дена. (втора фаза).

Консултантот/консултантската компанија треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до 24 октомври 2023 г., со назнака „Изразување на интерес за изработка на инвентар за стакленички гасови“.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.

 

 

Прилог 1 Изјава од понудувач

 

ИЗЈАВА

 

Јас, долупотпишаниот ____________________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ____________________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно

 

  • Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине  се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
  • Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
  • Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
  • Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
  • Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
  • Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

 

 

 

 

На ден __________година                                                    Име и презиме на застапникот

 

 

 

Потпис и печат