Одржан форум за управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Одржан форум за управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации

На 12 и 13 Мај 2017 година во Струмица, ЗГЦентар за климатски промени – Гевгелија  организираше  дводневен форум на тема „Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации.

На Форумот присуствуваа повеќе од 60 претставници на образовните институции, општините и здруженијата на граѓани од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија. Во текот на двата дена, претставниците имаа можност да разговараат за моменталната состојба со управувањето со отпад (УО) во регионите, проблемите и бариерите со кои се соочуваат и потенцијалите за подобрена едукација за УО во образовниот систем.

Во текот на форумот покрај презентацијата на проектот од страна на техничкиот и финансики координатор на проектот Филип Стојановски, од страна на двајцата предавачи беше презентирана моменталната состојба со УО во Југоисточниот регион, застапеноста на програмите за УО во образовниот систем на основните училишта, добрите практики за УО и искуствата на европските земји за УО во образовниот систем. Воедно, претсавници на 4 основни училишта од општина Гевгелија, Струмица, с.Иловица и с.Босилово, преку кратки презентации ги претставија досегашните активности на училиштата од аспект на УО.

На крајот од вториот ден беа сумирани сите дискусии на учесниците при што беше заклучено дека: едукацијата за УО треба да започне уште во најрана возраст, постои недостиг на соодветни програми, брошури, видеа за едукација на учениците на тема УО и дека ваквиот тип на настани се одлично место каде може да се обезбеди размена на искуства и совети за имплементација на добри пракси.

Форумот е дел од проектните активности на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот.

Повеќе информации за проектот можете да најдете на www.wasteedu.eu или Facebook страната WasteEdu.