Одржана работилница за граѓанските организации за зајакнување на капацитетите за следење на преговорите за Поглавје 27

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

25.12.2020 година, Центар за климатски промени го организираше првиот семинар за граѓански организации за зајакнување на капацитетите за следење на преговорите за Поглавје 27во рамките на проектот „Граѓанска платформа за следење на преговорите за Поглавје 27“, финансиран од Цивика Мобилитас.

Работилницата ја спроведуваше г-ѓа Јадранка Иванова, експерт за апроксимација во областа на животната средина.Гостин на работилницата беше г-дин Горан Секулиќ од Република Србија кој е еден од основачите на Коалиција 27 (мрежа на граѓански организации) кои го следат напредокот на Србија во поглавјето за животна средина.

На работилницата беа презентирани сите важни аспекти во процесот на преговарање, временските рамки, како и влијанието на новата методологија врз пролонгирање на преговарачкиот процес.  Беа дискутирани приритетните области од животната средина кои се особено горливи проблеми за земјава, како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот и климатските промени. Дополнително,г-ѓа Иванова даде насоки за начинот на подготовка на извештајот во сенка и аспектите кои е важно да бидат адресирани во самиот извештај кој ќе биде подготвен од страна на граѓанските организации.

На работилницата присуствуваа 20тина граѓански организации кои делуваат во областа на животна средина, одржлив развој и земјоделие, односно организациите кои аплицираа да бидат дел од граѓанската платформа – Платформа 27.