Одржан информативен семинар за енергетски менаџмент во индустрија

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На 13 март 2014 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа првиот семинар во рамките на Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, којшто го реализира Центарот за климатски промени, со поддршка на Агенцијата за енергетика на РМ, Машинскиот факултет од Скопје и Стопанската комора на Македонија.

Претставници на 15-на компании од овој индустриски сектор, на семинарот за енергетскиот менаџмент во индустријата имаа можност да ги проследат презентациите и да се запознаат со прелиминарната енергетска проверка – како да се спроведе и зошто е неопходна, со конкретен практичен пример за енергетска проверка во индустријата за кондиторски производи, за начинот на подобрување на искористувањето на енергијата во индустриските процеси и за начинот на имплементирање на системот за управување со енергија ИСО 50001.

Во рамките на Проектот планирани се обуки за енергетски менаџмент, а на семинарот присутните се запознаа со условите за учество во истите.

Овде можете да ги симнете презентациите од семинарот:

1. Вовед во енергетски менаџмент [Превземи]
2. Филковски ЕнМ ЕЕ март-01-2014 [Превземи]
3. Петровски ЕнМ ЕЕ Индустрија март-2014 [Превземи]
4. Имплементација на с-м за управување со енергијата [Превземи]
5. Учество во проектот [Превземи]