Одржан дводневен форум на тема “Со бизнис идеја до сопствен бизнис”

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени на ден 14.05 (вторник) и 15.05.2019 (среда) во Хотел “Есперанто” Струмица одржа дискусионен форум на тема “Со бизнис идеја до сопствен бизнис” во рамките на проектот “Зголемување на иновативниот бизнис поврзан со море, животна средина и земјоделството и ИТ- IBiSEAit” финансиран од Европска Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија.

Првиот ден од форумот го отвори претседателот на Центар за климатски промени, Бојана Станојевска Пецуровска која накусо го претстави проектот и неговите цели. Потоа г-ѓа Ирена Ѓорѓиевска ги презентираше финансиските инструменти на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) достапни за млади претприемачи, а до крајот на денот беа дискутирани и презентирани добри практики за отпочнување на сопствен бизнис, потребите од бизнис план и стратешко планирање од страна на г-дин Калин Бабушку, Македонија Експорт (Бренд Менаџер на Мамас).

Вториот ден од форумот започна со г-ѓа Ивана Крстев преставник на Бизнис центарот кој функционира во рамките на Центар за развој на Југоисточен плански регион која зборуваше на тема можности кои ги нуди Бизнис центарот. Потоа,  Г-дин Ристо Атанасовски- Извршен Директор на Флорит Гевгелија ги презентираше можностите на бизнис акцелераторот во Гевгелија. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија г-ѓа Ксенија Вангелова ни ги претстави можности за вработување и отварање сопствен бизнис, додека пак најголем дел од Форумот вклучително и затворањето на истиот , го водеше г-дин Петар Лазаров од Македонија Експорт, Консултант за маркетинг и продажба кој говореше за маркетинг и продажба за мали и средни претпријатија, бренд и бредирање.

На настанот присуствуваа повеќе од 30 учесници од различни сектори.