Во продолжение на веќе одржаните едукативни презентации за е-отпад во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, Центар за климатски промени на ден 17 Декември оддржа презентации за учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ и ОУ „Александар Македонски“ во населба Лисиче, Општина Аеродром.
На презентациите учествуваа околу 100 ученици од двете училишта, при што имаа можност да научат повеќе за електричниот отпад, колкава количина се создава на светско ниво, начини на кои можеме да го намалиме неговото создавање, неговите негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, но и придобивките од овој отпад доколку се рециклира.
Исто така, учениците беа запознаени со натпреварот за собирање на е-отпад кои се организира помеѓу училиштата кои учествуваат во проектот. Одговорна страна за менаџирање на процесот за превземање на собраниот е-отпад од училиштата е ЕЛКОЛЕКТ, колективен постапувач за собирање на отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
За време на презентациите учениците покажаа особен интерес и внимание за содржината која им беше презентирана, при што активно се вклучија со прашања и споделување на лични искуства поврзани со управувањето на овој тип отпад.
Галерија: Презентација во ООУ “Александар Македонски” – Скопје
Галерија: Презентација во ООУ “Лазо Ангеловски” – Скопје