Одржани повеќе креативни работилници за рециклирање на Е-отпад во основните училишта во Скопје!

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Во вторник, 29ти март 2016 година, се одржа првата креативна работилница насловена како „Еко-тим за рециклирање на Е-отпад“. Учениците од второ, трето и четврто одделение од ЦОУ Димитар Миладинов од Скопје, имаа прилика да ја искажат својата креативност и да научат за рециклирање на Е-отпадот!

Во креативната работилница учествуваа вкупно 75 ученици од сите три одделенија, а хамерите кои ги изработија ќе ги красат училниците и ходниците во целото училиште, раскажувајќи ја притоа приказната за Еко-тимот за рециклирање на е-отпад!

Фотографии од настанот кои ја отсликуваат атмосферата на работилниците можете да погледнете овде.

Галерија: Работилници во ЦОУ „Димитар Миладинов“