Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, на ден 11.12.2015 година, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад.
Презентациите се оддржаа во ОУ „Дане Крапчев“ и ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба и беа наменети за учениците од V-IX одделение. На презентациите учествуваа околу 100 ученици од двете училишта.
За време на презентациите беа споделени информации за правилно постапување со е-отпадот, како и влијанието на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку со него не се постапува правилно. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно е-отпадот да се рециклира.
Слични презентации ќе бидат оддржани и во второто полугодие од оваа учебна година со цел да се опфатат поголем број на ученици кои ќе се стекнат со информации за можностите и влијанијата на е-отпадот.
Галерија: Презентација во ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје
Галерија: Презентација во ООУ „Стив Наумов“ – Скопје