Одржана презентација за Е-отпад во ООУ „Св.Климент Охридски“ – с.Драчево, во рамките на проектот „Е-отпадот создава можности“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени на ден 10.12.2015 год. одржа едукативна презентација на тема електричен и електронски отпад за учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Драчево , општина Кисела Вода, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “ Доо Скопје.

На презентациите учествуваа околу 50 ученици од V-IX одделение. За време на презентацијата беа запознаени со начинот како правилно треба да се постапува и третира е-отпадот, како и негативните влијанија на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку е-отпадот завршина несоодветно место. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно да се рециклира.

Исто така, на учениците им беше споделена информацијата за натпреварот за собирање на е-отпад,кој се организира помеѓу училиштата кои учествуваат во проектот, при што за најдобрите ќе следуваат вредни награди. Одговорна страна за менаџирање на процесот за превземање на собраниот е-отпад од училиштата е ЕЛКОЛЕКТ, колективен постапувач за собирање на отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Проектот „Електричниот отпад создава можности“ започна да се спроведува во јули 2015 година, и ќе се спроведува до Јули 2016 година, со главна цел подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО) кои стапија на сила на 01 Јануари 2015 година.

Целта на проектот е да ја подигне свеста на населението со фокус на децата од основните училишта во државата за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето како и да ја истакне потребата од селектирање на овој отпад.

Галерија: Презентација во ООУ „Св. Климент Охридски“, с.Драчево, Општина Кисела Вода