Центар за климатски промени на ден 11.12.2015 год. одржа едукативна презентација на тема електричен и електронски отпад за учениците од ООУ „ Димитар Миладинов “, општина Центар, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “ Доо Скопје.
На презентациите учествуваа околу 50 ученици од V-IX одделение. За време на презентацијата беа запознаени со начинот како правилно треба да се постапува и третира е-отпадот, како и негативните влијанија на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку е-отпадот завршина несоодветно место. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно да се рециклира.
Во рамките на овој проект се организира натпревар за собирање на електричен и електронски отпад помеѓу училиштата кои учествуваат во проектот, при што за најдобрите ќе следуваат вредни награди. Одговорна страна за менаџирање на процесот за превземање на собраниот е-отпад од училиштата е ЕЛКОЛЕКТ, колективен постапувач за собирање на отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
Проектот „Електричниот отпад создава можности“ започна да се спроведува во јули 2015 година, и ќе се спроведува до Јули 2016 година, со главна цел подигнување на свеста на населението за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето, како и да ја истакне потребата од селектирање на овој тип на отпад.
Галерија: Презентација во ООУ „Димитар Миладинов“, Општина Центар