16 – 17 Октомври 2015 година, Струмица, се одржа првата тркалезна маса за прашања поврзани со управувањето со отпадот во малите и средни претпријатија во Република Македонија.
Тркалезната маса претставуваше одлична можност за компаниите од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија да се сретнат и да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, потенцијалите и бариерите за подобрување на практиките за управување со отпад и ресурси, но исто така и да ја зголемат можноста за меѓусебна соработка и конкурентност.
Овој настан е еден од многуте активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион “ реф.бр. 2007CB16IPO007 – 2012- 3 – 026, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија – Македонија.
За време на официјалниот дел од настанот беше презентирана моменталната состојба со управувањето на отпадот во Македонија како и бизнис можностите поврзани со отпадот. Исто така 3 компании од Република Бугарија и 1 од Република Македонија ги претставија своите компании и производи со одржување кратка презентација.
На крај како заклучок од дискусијата, произлезе дека ваквата тркалезна маса претставува одлична иницијатива за едукација и презентирање на можностите достапни за МСПа во прекуграничниот регион. Би требало да се размислува за правење на платформа која ќе служи како берза за отпад и ќе овозможува да се пријави потреба за одложување или реупотреба на некој вид на отпад, што всушност ќе обезбеди развивање на услужните дејности во животна средина или пак остварување на нови бизниси.
Исто така би било доста корисно доколку ваквиот тип на настани се подигне на национално ниво и за ваквите прашања се разговара на ниво на држави и поголеми региони. Ваквиот тип на настани се одлично место каде може да се обезбедат размена на искуства и совети за имплементација на добри пракси во најразлични индустриски сектори.
Овде можете да ги симнете Презентациите од настанот :
Јадранка Иванова – Бизнис аспекти во РМ и добри пракси за управување со отпад [Превземи]
Бојана Станојевска Пецуровска – Претставување на спроведените проектни активности и моментална состојба со отпад во Југоисточниот регион на Македонија [Превземи]
Иван Р. Петров, Менаџер на производство – ГЕПЛАСТИК ДОО – Управување со ресурсите [Превземи]
Презентација на “Eco Power Systems” ООД – Софија, Бугарија [Превземи]
Презентација на “HEC JSC” – Благоеврград, Бугарија [Превземи]