Одржана акција во ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод. под мотото ВКЛУЧИ СЕ! За здрава животна средина

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На 19.09.2017 година, Центар за климатски промени, во соработка со Општина Македонски Брод, под мотото ВКЛУЧИ СЕ! За здрава животна средина, одржаа заедничка акција во ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод. Целта на акцијата беше подигнување на свеста кај најмладите за негативните последици од електричен и електронски отпад и правилно постапување со овој тип на отпад.

Учениците од 4-1 и 4-2 одделение беа дел од креативната работилница и создадоа Еко-тим за рециклирање на е-отпад, кој од утре ќе ги краси училниците во училиштето и ќе ги потсетува учениците за потребата од правилно постапување со е-отпадот. За учениците од 6то, 7мо, 8мо и 9то одделение организиравме презентација за е-отпад по која следеше едукативен награден квиз, на кој беа доделени и награди за учесниците. За учесниците во заедничката акција беа обезбедени промотивни материјали (подметнувачи, магнети, беџови) и освежителни Синалко сокови.

Настанот е организиран како дел од акцискиот план на Општина Македонски Брод, кој е изработен преку проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“.