Оддржана обука за „Подигнување на јавната свест на Граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени на ден 29-30 Ноември 2016 година во Хотел Гардениа, Велес оддржа дводневна обука за претставниците од Граѓанскиот сектор со цел „Подигнување на јавната свест на Граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“.

На обуката учествуваа 20 претставници на ГО во Македонија кои се занимаваат со заштита и унапредување на животната средина.

Во текот на обуката беа презентирани информации од областа на законодавството за учество на јавноста, позитивни примери за активности на ГО, и беа изнесени ставови и мислења за улогата на ГО во процесот на донесување на одлуки. Исто така беше организина работа во групи при што ГО подготовија и презентираа конретни инцијативи/кампањи за вклучување на јавноста со цел решавање на одредени проблеми во областа на отпадот, воздухот и заштита на природата.

Галерија: