ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Подршка на прекугранично претприемништво/Транснационално бизнис консултантство- SCBE/TBC”, објавува оглас за вработување на проектен асистент.

АСИСТЕНТ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. Завршено високо образование (економски факултет, машински факултет, електро-технички факултет, земјоделски факултет или природно математички факултет)
  2. Минимум 3 години работно искуство на проекти
  3. Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент
  4. Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
  5. Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
  6. Искуство во проекти за животна средина
  7. Возачка дозвола – Б категорија

Задачи и обврски на проектниот асистент:

  • Да помага во координација на проектните активности заедно со проектниот координатор
  • Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го следи своето работно време потрошено на проектот и да се грижи за финансиската документација која произлегува од проектот
  • Да помага во изработката на проектната документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер
  • Да ги организира обуките и останатите настани кои треба да се дел од проектните активности
  • Редовно да комуницира со Центар за климатски промени и останатите партнери во проектот

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на македонски јазик најдоцна до: 30.09.2016 година на следната е-маил адреса: ckp.ohrid@gmail.com