Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Подршка на прекугранично претприемништво/Прекуграничен бизнис консултант „SCBE/TBC”, објавува оглас за две работни позиции:
1. Проектен координатор, 1 извршител, половина работно време
2. Проектен асистент, 1 извршител, половина работно време
1. ПРОЕКТНИОТ КООРДИНАТОР Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
- Завршено високо образование (економски факултет, технички науки, земјоделски факултет или природно математички факултет)
- Постдипломски студии на некои од наведените факултети ќе се смета за предност
- Минимум 5 години работно искуство во проекти
- Учество во најмалку 3 проекти во улога на проектен координатор
- Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
- Високо ниво на самостојно одлучување, преземање активности и организираност при извршување на задачите
- Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
- Способност за раководење со ЕУ проекти
- Добро познавање на областите бизнис, претприемништво и животна средина
- Искуство во проекти за животна средина
- Возачка дозвола Б категорија
Задачи и обврски на проектниот координатор:
- Да ги координира проектните активности, ресурсите, опремата и информациите поврзани со проектот
- Постојано да го следи исполнувањето на проектните цели, опфат и барања
- Да подготвува тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
- Да го набљудува и следи прогресот на проектот и да ги решава проблемите кои ќе произлезат од спроведувањето на проектот
- Редовно да комуницира за статусот на проектот пред се со Центар за климатски промени и проектните партнери, а исто така и со сите засегнати страни (јавни институции, компании, бизнис организации и слично.)
- Да го следи работното време потрошено на проектот, буџетот, планот и средствата потрошени за имплементација на проектните активности
- Да изготвува договори и законски процедури потребни за имплементацијата на проектот
- Да изработува и одржува проектна документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер
2. АСИСТЕНТ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
- Завршено високо образование (економски факултет, машински факултет, електро-технички факултет, земјоделски факултет или природно математички факултет)
- Минимум 3 години работно искуство на проекти
- Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент
- Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
- Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
- Искуство во проекти за животна средина
- Возачка дозвола Б категорија
Задачи и обврски на проектниот асистент:
- Да помага во координација на проектните активности заедно со проектниот координатор
- Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
- Да го следи своето работно време потрошено на проектот и да се грижи за финансиската документација која произлегува од проектот
- Да помага во изработката на проектната документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер
- Да ги организира обуките и останатите настани кои треба да се дел од проектните активности
- Редовно да комуницира со Центар за климатски промени и останатите партнери во проектот
Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на македонски јазик најдоцна до: 20.06.2016 година на следната е-маил адреса: ckp.ohrid@gmail.com.