Центар за климатски промени бара 1 инженер кој ќе работи во областа на заштита на животна средина.
Потребни квалификации:
- Високо образование, додипломски студии на машински, технолошки, природно-математички факултет.
- Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
- Претходно искуство на проекти поврзани со заштита на животна средина (1 година)
- Високо ниво на самостојност, самоиницијативност и организираност при извршување на задачите
- Фокус на работата, доверливост и проактивност, како и можност за исполнување на задачи со кратки рокови
- Работа на компјутер (MS Office)
- Возачка дозвола – Б категорија
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат соодветно искуство и соодветно образование.
Што нудиме ние:
Центар за климатски промени е здружение на граѓани формирано во 2008 година и оттогаш активно работи на проекти поврзани со заштита и унапредување на животната средина. Тимот на здружението е составен од петмина професионалци во областа, но потребно ни е проширување од уште 1 лице кое ќе се вклучи во остварувањето на нашите цели и задачи.
На нашите идни колеги им нудиме:
- Одговорна и стручна работа во динамична екипа со позитивна работна атмосфера
- Стимулативна заработка
- Дополнителни едукации и континуиран развој на професионален план
- Одлична можност за стекнување искуство во меѓународни и национални проекти од областа на животната средина
Доколку ги исполнувате условите и сте заинтересирани за соработка со нас ве молиме испратете ни кратка биографија (CV) на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, најдоцна до: 01.02.2016. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тестирање.