претседател

Бојана Станојевска Пецуровска

Policy researcher, Environment and Climate Change

Бојана Станојевска Пецуровска, дипломиран политиколог и магистер по комуникации чие главно поле на интерес се политиките и законодавството во областа на животната средина и климатски промени. Нејзината професионална кариера започна пред скоро 15 години во невладиниот сектор и оттогаш нејзиното професионално искуство се развива на полето на заштита и унапредување со животна средина. Таа има огромно искуство во управување и имплементација  на проекти за енергетска ефикасност во индустрија, ублажување на климатските промени, аерозагадување, управување со отпад, како и подигнување на јавната свест за заштита на животна средина. Во 2010 година таа успешно заврши курс за енергетика, животна средина и климатски промени на Универзитетот во Осло, а во 2012 година го заврши и курсот за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид на Tsinghua Универзитетот во Пекинг. Од 2020 година е студент на Факултетот за правни студии. Таа поседува и сертификати за СОВЖС (SEA) и ОВЖС (EIA) и Управител со отпад, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Од 2015 година таа е претседател на Центарот за климатски промени. 

Филип Стојановски

Senior researcher, Climate Change Mitigation and Air Quality

Филип Стојановски е  дипломиран машински инженер и има големо искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, подготовка на инвентари на емисии и квалитет на амбиентен воздух. Тој има повеќе од 10 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, проекти за енергетска ефикасност, аерозагадување и управување со отпад. Во своето професионално искуство тој учествувал многу пати во изработка на научни студии, истражувања, анализи на различни прашања од областа на климатските промени, животната средина и енергетиката. 

проектен менаџер

помлад истражувач

Теодора Каракамчева

помлад истражувач, животна средина и климатски промени

Теодора Каракамчева е машински инженер со специјализација во енергетика и животна средина. Нејзината страст за животната средина и одржливите извори на енергија ја поттикнаа да се фокусира на овие области за време на нејзините студии. Теодора отсекогаш била заинтересирана за инженерството и животната средина, а во текот на нејзината академска кариера реализирала различни проекти поврзани со обновливите извори на енергија и одржливиот развој.

Таа е дел од Центарот за климатски промени од јули 2022 година, одговорна за водење на различни проекти поврзани со климатските промени и животната средина.

Сандра Стојковска

машински инженер со специјализација во енергетика и животна средина

Таа е дел од Центарот за климатски промени од октомври 2022 година. Како дел од тимот, таа работи на проекти и иницијативи кои се однесуваат на енергетската транзиција, климатски промени и одржлив развој.

Нејзините вештини за решавање проблеми, добрата работна етика, како и нејзината подготвеност да соработува и да придонесе за успехот на организацијата дополнително ја зголемуваат нејзината вредност како член на тимот.

машински инженер

магистер по право

Весна Дишлијовска

Правник- Проектен менаџер

Весна Дишлијовска е магистер по право со положен правосуден испит. Во текот на изминатите неколку години, нејзиниот професионален фокус се повеќе се фокусира на заштитата на животната средина и климатската правда. Поседува искуство во спроведување на проекти од различни донатори како и проекти финансирани од ЕУ. Дел од спроведените проекти се поврзани со управувањето со животната средина вклучувајќи зајакнување на капацитетите на млади за спроведување на иницијативи за заштита на животна средина на локално ниво, пристап до правда за прашања поврзани со животната средина и зајакнување на правните механизми во согласност со Архуската конвенција. Поседува искуство во спроведување на програми за градење капацитети, истражувања на политики и изготвување на правни препораки насочени кон подобрување на законодавството за животна средина. Нејзината работа го нагласува вкрстувањето на правото, човековите права и одржливоста на животната средина, со што придонесува за унапредување на еколошката демократија во Република Северна Македонија.

Жарко Илиевски

дипломиран машински инженер со специјализација за енергетска ефикасност

Жарко Илиевски е дипломиран машински инженер со искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливите извори на енергија, спроведување на енергетски контроли во објекти од јавниот, здравствениот, образовниот и индустрискиот сектор.

Тој има повеќе од 14 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, проектен асистент на проекти за енергетска ефикасност, а како соработник учествува и во проектирање на системи за греење и климатизација. Поседува Овластување „А“ за надзор, како и Овластување „Б“ за проектирање на машински инсталации .Во своето професионално искуство тој учествувал  во изработка на научни студии, стратегии, национални планови, општински програми за енергетска ефикасност, истражувања, како и анализи на различни прашања од областа енергетиката и енергетската ефикасност.

дипломиран машински инженер

Стручен соработник за енергетика

Даниела Младеновска

Senior researcher, Energy Policy

Даниела Младеновска е доктор на машински науки со над 20 годишно искуство во енергетскиот сектор (производство на електрична енергија и централни системи за греење). Работела на различни позиции како што се одржување, водење и оптимизација на производствен процес, анализа на процеси, вклучувајќи и неколку години како директор. Поседува докторат од областа на техничките науки, а од 2018 година е избрана за насловен доцент на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Како консултант учествувала во изработка на бројни физибилити студии, стратешки документи и проекти од областа на енергетската ефикасност, нискојаглеродни технологии и енергетски политики. Таа е сертифициран експерт на УНИДО за имплементација на системи за управување со енергија и за оптимизација на компресорски системи. Поседува лиценци за стручно лице за заштита при работа и судски вештак од областа на машинството.