МЛАДИНСКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Овој проект има за цел да ги изгради капацитетите на младите за лобирање и застапување, но и да ги поттикне младите да го кренат својот глас и да допринесат во борбата за чист воздух на локално ниво. Проектот ќе обезбеди активно ангажирање на младите и нивен придонес во процесите на донесување одлуки, истовремено оснажување за активно следење на спроведувањето на мерките од плановите и начинот на креирање и усвојување политики за чист воздух на локално ниво.

Со цел успешно вклучување на младите во идентификација и решавање на проблемите со квалитетот на воздухот во нивните општини, во периодот од февруари до јули 2024 година ќе реализираме:

5 работилници кои се ќе фокусираат на подобрување на знаењето на младите во областа на квалитетот на воздухот, но и правната рамка за граѓанско учество во носење одлуки;

15 Speak-UP форуми посветени на заедничка дискусија и планирање активности за младинско учество;

1 тридневен камп кој ќе овозможи формирање на мрежа за заедничка акција со цел решавање на проблемите за аерозагадување, иницирање на активности за намалување на аерозагадувањето на локално ниво и јакнење на младинското учество.

Во проектот ќе бидат вклучени општините Кавадарци, Куманово, Велес, Гостивар и Град Скопје.

Клучни цели

  • Подигнување на свеста за проблемите со квалитетот на воздухот во различни општини и зголемена јавна поддршка за иницијативи за подобрување на квалитетот на воздухот;
  • Креирање простор и платформи за учество на младите во процесите на носење одлуки поврзани со квалитетот на воздухот;
  • Развивање акциони планови за ублажување на проблемите со квалитетот на воздухот во н ивните заедници;
  • Вмрежување на младинските активисти и поттикнување на меѓуопштинската соработка и споделувањето знаење.

 

Зошто младите?

  • За добивање вредни сознанија за проблемите со квалитетот на воздухот што ги засегаат младите и нивната општина;
  • Соработка со истомисленици од иста возрасна група;
  • Придонес кон идеи и иницијативи за вистинско влијание врз заедницата;
  • Вмрежување и соработка со експерти во областа на аерозагадување и граѓанско учество.

Учеството на младите е клучно за успехот на оваа иницијатива и веруваме дека интересот и ентузијазмот на младите во голема мера ќе придонесат за севкупниот успех на проектот „Младинска акција за чист воздух“.

Линк за пријавување на потенцијални учесници:

https://docs.google.com/forms/d/12O5H7g_vnXMg3gPmJD6okFQm6ymzovWftHNuAB4vQhY/edit?pli=1

Проектот се реализира во партнерство со УНИЦЕФ, и е финансиран од Владата на Шведска, а го спроведува Центар за климатски промени.

 

Во прилог линк од презентациите за обуките:

https://drive.google.com/file/d/1_D40vkpaagaJ4amcbE9nRYwDpXFogz2y/view?usp=sharing

https://drive.google.com/file/d/1-ojM9MfJOaXz8-uhZY9GCpv1dVr–L-X/view?usp=sharing