Центарот за климатски промени (ЦКП) е основан во Јануари 2008, како невладина, нерелигиозна, неполитичка и непрофитна организација.
Мисијата на ЦКП е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени, со цел подобра животна средина за сите. Главните цели на Центарот за климатски промени се:
- Поддршка на индустријата со цел подобрување на нивните енергетски перформанси и перформансите во животната средина
- Подигнување на јавната свест за климатските промени и предизвиците кои произлегуваат од климатската криза
- Предложување на мерки за подобрување и промена на законската рамка на полето на енергетиката, климатските промени и животната средина
- Зајакнување на капацитетите на локалната и централната власт како и капацитетите на индустријата со цел развој на проекти за климатски промени и подобрување на перформансите во животната средина
- Промовирање и поддршка за подобро управување со енергијата и управувањето со животната средина
Визијата на Центарот за климатски промени е насочена кон намалување на јалеродниот диоксид и креирање на општество одговорно кон животната средина. Со цел да го постигнеме тоа, ЦКП ги насочува своите активности кон индустриска енергетска ефикасност, намалување на загадувањето, управување со отпад, намалување и ублажување на климатските промени, управување со животна средина и подобро управување со енергијата.
ЦКП е основан од луѓе кои имаат широко познавање за климатските промени, животната средина, управување и заштитата на животната средина, кои сакаат да ги споделат своите искуства со останатите и да обезбедат подршка за централните и локалните власти, особено во борбата со климатските промени и промовирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.