Креирање на база на податоци за МСП во Југоисточниот регион

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ финансиран во рамките на третиот повик за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, започна со спроведување на активности за креирање на база на податоци за мали и средни претпријатија кои се занимаваат со прехрамбена, дрвопреработувачка, метална, текстилна и услужна дејност во Југоисточниот регион на Македонија.

Базата на податоци за МСП понатаму ќе претставува основа за спроведување на истражување.

Преку дистрибуција на прашалник до таргетираните МСП од Југоисточниот регион ќе бидат идентификувани главните проблеми и бариери со кои се соочуваат МСП од аспект на воведување на мерки за енергетска ефикасност како и подобрување на управувањето со енергија и отпад во нивните капацитети.

Исто така една од целите на прашалникот ќе биде да се идентификуваат клучните сектори во регионот, нивните моментали капацитети за воведување на мерки за енергетска ефикаснсот и управување со отпадот, нивните капацитети за подобрување на конкурентноста и зголемување на извозот како и можноста за остварување на прекугранична соработка со компаниите од регион Благоевград во Бугарија.