Истражување на тема Е-отпад во ОУ „Гоце Делчев“ – Скопје

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Учениците од осмо одделение при ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје, на 31 март 2016 имаа можност да учествуваат во работилница насловена „Истражуваме и учиме за Е-отпадот“. Учениците беа поделени во пет работни групи при што секоја група имаше за задача да подготви презентација за Е-отпад, користејќи ја методата истражување на интернет.

 

Најчесто пребарувани содржини беа: дефинирање и видови на Е-отпад, селектирање и рециклирање на Е-отпад, како и влијанијата на Е-отпадот доколку со него не се постапува соодветно.

Работилницата траеше два школски часа, при што за време на првиот час се вршеше истражувањето, додека вториот час беше искористен за презентации од страна на учениците.

Работилницата се спроведе во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од страна на Американската Амбасада во Скопје, а се реализира од Центар за климатски промени.

Галерија: Работилници во ООУ „Гоце Делчев“

« 1 на 23 »