Информација за Медиуми

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Ве информираме дека утре на 18.11.2015 година, Центар за климатски промени – Гевгелија организира прес конференција со цел презентација на постигнатите резултатите од спроведувањето на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ 2007CB16IPO007-2012-3-026.

Прес конференцијата ќе се одржи во Хотел Аполонија Гевгелија со почеток во 9:30ч.

На пресконференцијата ќе бидат презентирани сите спроведени активности во рамките на проектот како и резултатите од спроведените активности. Целта на настанот е да се актуелизираат прашањата поврзани со енергетска ефикасност и управувањето со отпад во малите и средни претпријатија од регионот и воедно да се запознаат граѓаните со користа од спроведување на мерки за управување со отпад и енергија.

На настанот поканети се да присуствуваат мали и средни претпријатија од регионот, општини, јавни институции и бизнис секторот од Југоисточниот регион на Македонија.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.