На 13ти март 2014 година, Центарот за климатски промени организира Семинар за Енергетски Менаџмент во индустрија.
Семинарот се организира во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ финансиран од Норвешката Амбасада во Белград и за присуството НЕ се наплатува никаков надомест.
На семинарот можат да присуствуваат по двајца претставници од секоја компанија која припаѓа на прехрамбениот индустриски сектор во Македонија.
Целта на семинарот е да обезбеди основа за имплементирање на мерки за заштеда на енергија во производствените процеси во компаниите од македонската индустрија, што ќе допринесе до намалување на оперативните трошоци и зголемена конкурентност на македонските компании. Семинарот ќе опфати теми поврзани со спроведување на енергетска проверка, идентификување и имплементација на мерки за заштеда на енергија во различни индустриски системи, како и насоки за имплементација на Системот за управување со енергија.
– Агенда за семинарот [Превземи]
– Официјална покана [Превземи]