Интегрирано спречување и контрола на загадувањето – ИСКЗ во Македонија

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Во јануари 2014 година Центарот за климатски промени и норвешката компанија Норск Енерги започнаа со својот нов проект „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето“.

Проектот е продолжување на претходниот проект „Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управувањето со опасен отпад“.

Главната цел на проектот е да го подобри управувањето со индустриските емисии преку промена во законската рамка и зајакнатите капацитети на одговорните лица за животна средина, невладините организации и индустријата. Проектните активности имаат цел да ја подобрат усогласеноста со ЕУ Регулативите како што е прикажано во Годишниот извештај на Европската Комисија за прогресот на Македонија и воедно подготовките на Македонија за барањата од областа на животната средина кои произлегуваат од пристапувањето во Европската Унија.

Проектните активности се во рамките на Националниот План за Усвојување на Европското законодавство и имаат за цел да ги подобрат капацитетите на клучните чинители во ИСКЗ, надлежните органи за животна средина, локалната индустрија (со фокус на енергетскиот и металуршкиот сектор) и граѓанското општество претставувано од невладините организации како и да обебзедат техничка помош за ревидирање на веќе изготвените дозволи кои предизвикале многубројни јавни дебати.

Индустриските капацитети одбрани да бидат дел од проектот ќе бидат одредени во првата фаза од проектот. Исто така ќе биде понудена и помош за изготвување на најмалку 2 ИСКЗ дозвли со цел подобрување на капацитетите на лицата вклучени во изготвувањето на дозволите.