Избрани се шест општини за кои ќе се изработат акциски планови

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Согласно објавениот Јавен повик за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, избрани се вкупно 6 општини за кои ќе се изработат акциски планови.

Подолу е дадена листата на избраните општини за изработка на акциските планови:

  • Општина Ресен
  • Општина Македонски Брод
  • Општина Струмица
  • Општина Македонска Каменица
  • Општина Аеродром
  • Општина Карпош

Јавниот повик беше објавен на нашата интернет страна и беше отворен во периодот од 06.02.2017 до 17.02.2017.Право на учество имаа сите општини од Република Македонија кои ги исполнуваа бараните критериуми.