АКЦИСКИ ПЛАНОВИ

Види ги сите акциски планови

Патоказ за Зелената агенда

Патоказот за Зелената агенда претставува инструмент за локализација и забрзана имплементација на Европскиот зелен договор (EGD) и неговата регионална стратегија – Зелената агенда за Западен Балкан (ЗА3Б) во 8-те плански региони.

  • Европскиот зелен договор – ЕЗД (EGD) е долгорочна стратегија за раст на Европската Унија, чија крајна цел е постигнување климатска неутралност до 2050 година, преку одвојување на економскиот раст од употребата на ресурси и обезбедување „никој да не биде изоставен“.
  • Зелената агенда за Западен Балкан – ЗА3Б (потпишана со Софиската декларација во 2020 година) е патоказ за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, да ги усогласат своите политики и реформи со амбициите на ЕУ, со цел постигнување на еколошка одржливост и намалување на емисиите на јаглерод.

Цел на патоказот

Целта на овој Патоказот е да ја претвори оваа висока национална и европска обврска во конкретен, применливи акциски план, да ја забрза зелената трансформацијата на планските региони, преку интегрирано и координирано спроведување на мерки кои директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и ја зајакнуваат отпорноста на регионот кон климатските промени. Ова значи: Постигнување на еколошка одржливост и економски раст со ниски емисии на јаглерод.

Опфат на Патоказот (Петте столба на ЗА3Б)

Патоказот ги опфаќа сите пет меѓусебно поврзани столба на Зелената агенда, прилагодени на специфичните потреби и предизвици на планските региони:

  1. Декарбонизација, енергија и мобилност: Фокус на намалување на емисиите на стакленички гасови од греењето на домаќинствата и транспортот, како и зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија во општините.
  2. Циркуларна економија: Премин од линеарно кон циркуларно управување со отпадот, со цел подобрена селекција, рециклирање и претворање на отпадот во ресурси, што е клучно за справување со регионалните депонии.
  3. Справување со загадувањето: Покрај воздухот (најголем регионален проблем), опфатот вклучува и мерки за заштита на водните ресурси (реката Вардар и сливовите) и заштита на почвата од ерозија и деградација.
  4. Одржливо земјоделство и производство на храна: Промовирање на еколошки одговорно земјоделство во руралните делови на регионот, со цел зачувување на агро-биодиверзитетот и поддршка на локалните земјоделци.
  5. Заштита на биодиверзитетот и екосистемите: Зачувување и обнова на клучните природни подрачја (на пр. Водно и неговата околина) и проширување на зелената инфраструктура во урбаните средини за да се подобри квалитетот на воздухот и да се зголеми отпорноста кон климатските промени.

Патоказот служи како заедничка платформа за сите 8 плански региони, централната власт, приватниот сектор и граѓанското општество за координирано дејствување.