На 31 јануари 2014 година, Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ официјално започна со имплементација и ќе би спроведуван до декември 2014 година.
Проектот ќе биде имплементиран од Центар за климатски промени-Скопје, подржан од Агенција за енергетика на РМ, Машински факултет од Скопје, Стопанска Комора на Македонија под техничка супервизија на норвешката компанија Норск Енерги.
Официјалното отворање на проектот беше организиран во Стопанската Комора на Македонија, каде беа присутни претставници од прехрамбена индустрија и тоа винарии, конзервирање на храна, кланици, пекари и мелници, оранжерии и компании за производство на кондиторски производи.
Една од главните активности на проектот е обезбедување техничка помош за воведување на практики за подобро управување со енергијата во македонската прехрамбена индустрија и имплементација на стандардот за управување со енергија ISO 50001:2011.
Проектот ќе допринесе кон подобрување на енергетските перформанси и перформансите во животната средина кај малите и средни претпријатија од македонската прехрамбена индустрија. Воедно ќе ги унапреди нивните капацитети со цел намалување на енергетската потрошувачка и ќе овозможи полесна идентификација на мерки за штедење на енергија.
Целта е да допринесе кон подигнување на свеста за енергетски менаџмент и намалување на трошоците преку подобрено управување со енергијата како и промоција на стандардот за управување со енергијата и негово воведување во македонските компании.
Воведувањето на практики за подобро управување со енергијата ќе овозможи придобивки на долг рок за индустријата, како во намалувањето на трошоците така и во исполнувањето на законските обврски и подобрувањето на квалитетот на живот во државата. Од друга страна пак намалените производствени трошоци ќе допринесат до зголемена конкурентност на македонската прехрамбена индустрија и поголем пласман на нивните производи надвор од државата.
Освен индустријата во проектот предвидено е да се вклучат и млади инженери и студенти од техничките факултети кои ќе добијат пракса за воведување на стандардот со што ќе се зајакнат нивните капацитети во понатамошната имплементација на практики за управување со енергијата.