Конференција за квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворени простории

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени организира конференција на тема: „Квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворени простории“.

Главната цел на конференцијата е да се подигне свеста за загадувањето на воздухот во затворените простории и потребата од развој на политики за подобрување на квалитетот на воздухот во затворените простории со посебен фокус на училиштата и градинките.

Конференцијата опфаќа промоција на тековни активности за загадувањето на воздухот во затворените простории, презентација на резултатите од мониторинг кампањата во 10 основни училишта од Општина Карпош, здравствените ефекти од загадувањето на воздухот во затворените простории и препораки како да се подобри квалитетот на воздухот во затворените простории. Исто така во рамките на конференцијата ќе бидат презентирани перспективите на СЗО во решавањето на проблемите со загадувањето на воздухот и проценката на здравствените ризици од загадувањето на воздухот во затворени простории.

За да се вклучите на конференцијата, регистрирајте се на следниот линк најдоцна до 26.05.2021, до 16ч.

Официјалната покана и агендата можете да ги погледнете тука.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта“, финансиран од Австралиска Амбасада во Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *