Учениците од трето одделение од ОУ „Стив Наумов“ – Скопје се приклучија кон Еко – тимот за рециклирање Е-отпад.
Сите ученици во улога на Капетанот Рециклирко, Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка и Телевизорко вредно работеа со цел да изготват едукативни постери кои треба да ја пренесат пораката за рециклирање на Е-отпад.
Преку изложување на постерите во холот на училиштето сите ученици ќе имаат можност да научат повеќе за Е-отпадот.
Галерија: Работилници во ООУ „Стив Наумов“ Скопје