Еко тим за рециклирање е-отпад е формиран и во ООУ „Лазо Ангеловски“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Најмалите од ООУ Лазо Ангеловски во петокот на 22.04.2016, по повод Светскиот ден на Планетата Земја учествуваа во креативната работилница „Еко тим за рециклирање е-отпад“ и со помош на Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка, Телевизорко и Капетан Рециклирко формираа 6 тимови за рециклирање е-отпад.

Учениците од III – 2 одделение имаа можност 120 минути да се забавуваат и да учат за негативните влијанија од е-отпадот врз животната средина, за составот на е-отпадот како и за правилното постапување со овој тип на отпад.

Откако боењето беше завршено, цртежите беа залепени на големи хамери и оттука завршија во ходниците на училиштето за да можат и другите ученици да научат повеќе за начинот на постапување со е-отпадот.

Галерија: Работилници во ООУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје