Еко – тим за рециклирање Е-отпад во ОУ „ Дане Крапчев“ – Скопје

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На 7 Април 2016 година во ОУ „ Дане Крапчев“ во рамките на проектот Е – отпадот создава можности“ се оддржа креативна работилница со учениците од II и IV одделение. Учениците беа поделени во групи при што имаа за задача да изготват едукативен постер кој треба да ја пренесе пораката на Еко – тимот за рецилирање на Е-отпад.

Изработените постери беа изложени во холот на училиштето така што сите ученици ќе имаат можност да прочитаат и научат за влијанијата и придобивките од правилното селектирање и рециклирање на Е-отпадот.

Галерија: Работилници во ООУ „Дане Крапчев“