Анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните на Македонија за Зелена Агенда

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион спроведува истражување во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на зелена агенда на локално ниво“.

Целта на истражувањето е да се утврди перцепцијата и ставовите на јавноста кон Зелена Агенда за Западен Балкан, како и да се разбере колку јавноста е информирана за овие прашања. Резултатите од ова истражување ќе покажат колку ефикасни биле преземените активности за Зелена Агенда во претходните три години. Воедно, резултатите ќе ни помогнат подобро да ги осмислиме и да ги комуницираме идните активности, со крајна цел да се подобри спроведувањето на Зелената Агенда во државата. Крајните резултати од ова истражување ќе бидат објавени на интернет страницата www.ckp.org.mk

Потребно време за одговарање на прашањата: 15-20 минути и ве замаловума да го одговорите истиот.

 

Линк до анкетата https://forms.gle/bj4gCjfVXfJFPStG6.

 

Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk).