Умните глави од III в одделение при ООУ Страшо Пинџур од Ѓорче Петров научија што е E-отпад и како треба правилно да постапуваат со E-отпадот!

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На 20.04.2016 година, се одржа креативната работилница „Еко тим за рецклирање E-отпад“ при што учениците на креативен начин учеа за E-отпадот и негативните влијанија врз животната средина.

Учениците беа поделени во 4 групи и секоја група имаше за задача да го состави еко тимот за рециклирање E-отпад, односно да ги обои своите омилени ликови: Капетан Рециклирко, Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка и Телевизорко. Откако членовите на тимот беа обоени, секој од нив се најде на украсниот хамер, кој го поставивме во холот на училиштето, и од каде ќе треба да ја пренесуваат пораката и до останатите ученици за правилното постапување со E-отпадот.

Галерија: Работилници во ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров