Промоција на првиот извештај во сенка за Поглавје 27

објавено во АКТИВНОСТИ, ОБЈАВИ | 0

Почитувани,

Ве покануваме да ја проследите промоцијата на првиот извештај во сенка за состојбата со усогласувањето и спроведувањето на законодавството за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени во Македонија.

Промоцијата на извештајот ќе се одржи на 30.11.2021, во 11ч, онлајн преку ЗООМ платформата. За да го следите настанот Ве молиме регистрирајте се на следниот линк https://forms.gle/15RvuYGrtPQYb4PV7

Извештајот е изработен од Платформа 27 (неформална мрежа) на граѓански организации кои работат во областа на животната средина и климатските промени. Платформа 27 се формираше на почетокот 2021 година во рамките на проектот „Граѓанска платформа за следење на преговорите за поглавје 27“, финансиран преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор Цивика Мобилитас, и спроведуван од Центар за климатски промени. Главна цел на проектот но и на Платформа 27 е да ги следи преговорите со ЕУ за Поглавјето 27 – животна средина и климатски промени, односно преку соработка на граѓанските организации активни во областа на животната средина да подготви и презентира извештај (shadow report) за сегашната состојба, предизвиците и идни приоритети во областа на животната средина и климатските промени.