Центар за климатски промени, во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската Амбасада во Скопје, со подршка на општина Карпош и компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “Доо Скопје, на ден 14.12.2015 година (понеделник), одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад. Презентациите се оддржаа во ООУ „Братство“ и ООУ „Лазо Трповски“ и беа наменети за учениците од V-IX одделение.
На презентациите учествуваа околу 100 ученици од двете училишта. За време на презентациите беа споделени информации за правилно постапување со е-отпадот, како и влијанието на е-отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, доколку со него не се постапува правилно. Исто така беа истакнати примери за намалување на негативните влијанија на е-отпадот преку редуцирање, реупотреба и зошто е важно да се рециклира.
Слични презентации ќе бидат оддржани и во второто полугодие од оваа учебна година со цел да се опфатат поголем број на ученици кои ќе се стекнат со информации за можностите и влијанијата на е-отпадот.
Проектот „Електричниот отпад создава можности“ започна да се спроведува во јули 2015 година, и ќе се спроведува до Јули 2016 година, со главна цел подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО) кои стапија на сила на 01 Јануари 2015 година.
Целта на проектот е да ја подигне свеста на населението со фокус на децата од основните училишта во државата за негативните влијанија на електричниот и електронски отпад (ЕЕО) врз животната средина и здравјето на луѓето како и да ја истакне потребата од селектирање на овој отпад.
Галерија: Презентација во ООУ “Братство” – Скопје
Галерија: Презентација во ООУ “Лазо Трповски” – Скопје