Зелено партиципативно буџетирање за локална еколошка акција и одржлива иднина – Green B-LEAF

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Целта на проектот е да се оспособат руралните заедници во медитеранскиот регион да станат отпорни на климатските промени и да постигнат одржливи трансформации преку зелено партиципативно буџетирање, иновативни алатки и соработка. Ова ќе се постигне со опремување на заедниците со хипер-локални климатски податоци за да се поттикне донесувањето одлуки базирани на податоци, овозможувајќи им на жителите да предлагаат и спроведуваат зелени проекти и воспоставување мрежа за споделување знаење за прилагодување на модели за широка климатска отпорност и одржливост.

Специфинчата цел на проектот е опремување на руралните заедници и локалните власти со сеопфатни алатки за климатски податоци и партиципативно буџетирање за да се поттикнат одлуки за планирање и буџетирање базирани на податоци кои се усогласени со специфичните потреби на руралните заедници. Оваа има за цел да го подобри нивниот капацитет за ефикасно планирање и финансирање за адаптација кон климатските промени и енергетска транзиција, истовремено почитувајќи ги принципите на Новиот европски Баухаус (NEB) за одржливост, инклузивност и естетски квалитет.

Очекувани резултати од проектот
Развој на методологија за буџетирање на зелени иницијативи.
Создавање на алатки за обележување на зелениот буџет, што ќе го олесни процесот на донесување одлуки.
Имплементација на пилот-проекти
Формирање на транснационална мрежа за споделување знаење и добри практики.
Проектот воедно ги интегрира вредностите на Новиот европски Баухаус, со што се промовира не само одржливоста, туку и општествениот ангажман.

Проектот е финансиран во рамките на програмата Interreg Euro-MED (Euro-MED) 2021-2027, со времетраење од 33 месеци и вкупен буџет од 2.251.263,00 евра.