Изработуваме енергетски прегледи за згради и индустрија, студии за зголемена енергетска ефикасност во индустриски сектор, студии за енергетски менаџмент и нудиме помош за правилно искористување на енергијата во индустриските процеси. Нудиме и иновативни решенија за искористување на обновливи извори на енергија во вашите индустриски процеси.

Во моментов имаме отворен јавен повик за микро, мали и средни претрпијатија за обука за обезбедување услуги за енергетска ефикасност, подобро управување со енергијата и искористување на обновливи извори на енергија.

ШТО ДОБИВААТ ПРЕТПРИЈАТИЈАТА?

  • Бесплатно учество на дводневната обука за обука за воведување мерки за заштеда на енергија и диверзификација на изворите на енергија во производните капацитети, но и обука за подобро управување со енергијата во своите компании
  • Бесплатна поддршка од страна на експерти во областа на енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ)
  • Насоки и услуги за имплементација на мерки за ЕЕ и искористување на ОИЕ од страна на признати експерти во областа
  • Можност за вклучување во менторска програма и подготовка на физибилити студија за имплементирање мерки за ЕЕ и ОИЕ што ќе вклучува и можности за финансирање

ЗА КОИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Е НАМЕНЕТ ПОВИКОТ?

Повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои се занимаваат со производство и имаат голема потрошувачка на ресурси, но на повикот може да се пријават и компании кои нудат услуги, како на пример ИТ компании, хотелско-туристички капацитети, земјоделски стопанства и сл.

Целосниот повик може да се погледне тука.