Повик за здруженија на граѓани за вклучување во неформална мрежи за животна средина

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија објавува повик за здруженија на граѓани со цел вклучување во неформални мрежи, кои ќе се формираат како дел од проектните активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на ЦивикаМобилитас.

Целта на неформалните мрежи е да направи вмрежување помеѓу граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа на локално ниво, а потоа истите да ги соедини во една поголема неформална мрежа. Неформалната мрежа ќе биде одговорна да:

  • информира за настаните поврзани со носење одлуки
  • го следи процесот и напредокот на вклучување на јавноста
  • игра улога на супервизор и коректор во начинот и степенот на вклучување на јавноста за прашања од областа на животна средина во општината.

Право на членство во неформалната мрежа имаат Граѓански организации кои активно делуваат во областа на животната средина, климатски промени, промоција на одржлив развој, еко-туризам, рурален развој, заштита и управување со природата и сл. од Југоисточниот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Скопскиот регион.

Доколку Вашата граѓанска организација е заинтересирана да биде дел од оваа неформална мрежа, потребно е да доставите пополнета пријава на следната е-пошта: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com најдоцна до 01.08.2017.

Граѓанските организации кои ќе бидат избрани да членуваат во мрежата ќе бидат известени преку E-пошта најдоцна до 15.08.2017.

Кратко резиме на проектот и пријавата за пријавување во неформалните мрежи можете да ги отворите тука.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации Ве молиме да не контактирате.

Ве очекуваме!