Скопски регион
Целосен прогрес
Година: 2026
Година: 2026
ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА - Одржлива мобилност
ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – производство на енергија и енергетска ефикасност
ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА - Отпад
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чист воздух
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чиста вода и управување со водните ресурси
ЗАШТИТА НА ПРИРОДА И БИОДИВЕРЗИТЕТ - климатска адаптација и зелена инфраструктура
Патоказот за Зелена агенда за Скопскиот плански регион претставува инструмент за локализација и забрзана имплементација на Европскиот зелен договор (EGD) и неговата регионална стратегија – Зелената агенда за Западен Балкан (ЗА3Б) за Скопскиот плански регион.
- Европскиот зелен договор – ЕЗД (EGD) е долгорочна стратегија за раст на Европската Унија, чија крајна цел е постигнување климатска неутралност до 2050 година, преку одвојување на економскиот раст од употребата на ресурси и обезбедување „никој да не биде изоставен“.
- Зелената агенда за Западен Балкан – ЗА3Б (потпишана со Софиската декларација во 2020 година) е патоказ за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, да ги усогласат своите политики и реформи со амбициите на ЕУ, со цел постигнување на еколошка одржливост и намалување на емисиите на јаглерод.
Целта на овој Патоказ е да ја претвори оваа висока национална и европска обврска во конкретен, применлив акциски план за Град Скопје и околните општини, со оглед на тоа што Скопскиот регион е најголемата економска и демографска целина во земјата. Главната цел на Патоказот е да ја забрза зелената трансформација на Скопскиот плански регион, преку интегрирано и координирано спроведување на мерки кои директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и ја зајакнуваат отпорноста на регионот кон климатските промени.
Ова значи: Постигнување на еколошка одржливост и економски раст со ниски емисии на јаглерод.
Инвестиции во подобрување на мрежата за третман на отпадни води во сите рурални општини.
септември 10, 2026Мапирање и заштита на зони за зафаќање на вода за пиење како и нивно правилно и ефикасно користење
септември 10, 2026Промоција на шеми за компостирање на органски отпад на локално ниво.
септември 10, 2026Воспоставување на фабрика за сепарација на отпадот на повеќе фракции.
септември 10, 2026Програма за реновирање на јавни згради (училишта, градинки, администрација).
септември 10, 2026Мапирање на потенцијални локации за соларни централи (на деградирано земјиште, индустриски покриви).
септември 10, 2026




























