Програма за реновирање на јавни згради (училишта, градинки, администрација).
Се предвидува субвенционирање на фотонапонски системи за домаќинства и колективни објекти со цел намалување на побарувачката на електрична енергија од мрежата.
Мапирање на потенцијални локации за соларни централи (на деградирано земјиште, индустриски покриви).
Мерка која предвидува чистење на оџаци со цел подобро согорување и избегнување на можност за пожари како и намалување на емисиите на цврсти честици.
Проширување на мрежата на корисници на далечинското централно греење со цел намалување на загадувањето од согорување на огревно дрво кај домаќинствата.